Власта и опозицијата никако да се усогласат во која работна група ќе се договара датумот за изборите. Откако премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вчера на ВМРО-ДПМНЕ и порача да делегира претставници во работната група во министерството за правда која работи на измените на Изборниот законик, а каде, според него, би се договарале и датумите за изборите, лидерот на опозицијата. Христијан Мицкоски, денеска му одговори дека тоа не е работнатата група која треба да договори датум за изборите.
„Во министерството за правда веќе постои работна група каде сите политички партии имаат делегирано свои претставници, така како што е според закон и процедура, и единствено ВМРО-ДПМНЕ нема делегирано свој претставник. Така да јас ги поттикнувам да делегираат свој претставник, бидејќи не може една или две партии да одлучуваат за процес во кој учествуваат 30 и повеќе политички партии“, изјави вчера Ковачевски.
„Работната група во министерството за правда работи на измени во Изборниот законик. Тој Изборен законик повторно ќе дојде во собраниска процедура и ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе се произнесе врз основа на тие измени што ќе ги добиеме како предлог. Никогаш министерството за правда не закажувало дати за избори“, изјава Мицкоски.
Мицкоски денеска упати замолница до владата да седнат на иста маса и да договорат датум за изборите, но не пропушти да го повтори ставот на опозицијата дека е против два одделни изборни циклуси за претседателските и парламентарните избори, туку тие да се спроведат на ист датум.
„Подготвени сме уште веднаш да договориме датум за претседателски избори прв круг и за претседателски втор круг и парламентарни избори. Оној датум којшто тие ќе го изберат ние ќе го поддржиме“, рече Мицкоски.
За посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен, која утре попладне пристига во поста на Македонија, лидерот на опозицијата со очекување таа да настапи со позиција дека за Македонија нема веќе условен старт на преговорите.
Тамара Грнчароска