Вести Код Македонија Топ вести

Бубевски во интервју за КОД на Телма: Престрелките се меѓу криминални групи за елиминација на противниците, истрагите се тешки поради претходно планирање и уништување на докази

Истрагите се тешки бидејќи станува збор за планирани злосторства со учество на странски егзекутори.

Во КОД интервју со скопскиот јавен обвинител Гаврил Бубевски кој открива дека обвинителство има посебен тим кој ги анализира истрагите и досегашните пресметки на скопските криминални кланови Дуќанџик и Беланоца. Како заклучок на сите истраги е што убијците користат украдени автомобили или регистрации кои потоа ги уништуваат. Интервјуто ќе биде емитувано во емисијата КОД во недела на 29.10.2023. и целосно ќе биде објавено на Youtube каналот на емисијата КОД.

Во емисијата ќе биде емитувана и реконструкцијата од нападот во Ист Гејт мол, детали од истрагата, како и анализа на серијата убиства меѓу двата скопски клана Грчец/Дуќанџик и Беланоца/Барон.

Скопскиот обвинител Бубевски тврди дека има и правен проблем бидејќи со одлука на Врховниот суд од пред 15-тина години, како организирана криминална група се смета онаа која има најмалку три основачи или организатори, а за одлуката смета дека е апсурдна.

Во таква правна ситуација, во Македонија ретко која криминална група исполнува услови да биде третирана како злосторничко здружение, а како споредба со светски пример, може да се понуди и картелот чиј единствен водач беше Пабло Ескобар. Иако вртеле милијарди од кокаин во активности полни со насилство, тоа според правното мислење на Врховниот суд не би било злосторничко здружение во македонските кривични процедури.

Во делот од интервјуто тој оценува дека „станува збор за криминални пресметки и борба за елиминација на противникот на пазарот за дрога или други криминални дејствија“.

Истрагата засега нема резулати, а се преземаат активности и се прибираат докази за нападот во Ист Гејт Мол во кој тешко беа ранети двајца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе