Вести Македонија Топ вести

Виетнам и чеченската „прегратка на смртта“ како два метода на војување против Израел – Хаџи Јанев во Топ тема

Тешко е да се заклучи дали Израел ја почна копнената офанзива, бидејќи оперативен термин за овие таргетирани рации, како што ги нарекуваат, е насилно извидување. Тоа се опреации преку кои се обидувате со бортбен допир да го испровоцирате непријателот со цел да се отвори и да се види која би била реакцијата, односно да видите или идентификувате цели, вели Методи Хаџи Јанев, воено-политички аналитичар, во вечерашното издание на Топ тема на ТВ Телма.

„Со оглед на супериорноста што во технолошка смисла ја има Израел за т.н. целни гаѓања, односно таргетирани убивања, би имало логика да испрoвоцираат одредени групации од Хамас кои што се хард кор или јадрото на движењето и кои би биле пречката во настапувањето на борбените сили на Израел“, вели Хаџи Јанев.

Според него, воздушните напади имаат за цел да создадат т.н. омекнување на теренот, со цел да се создадат услови за пешадијата или копнените трупи да имаат непречено настапување.

„Особено затоа што Израел е свесен дека густината на распоредот на објектите. Начинот и тесните улици во голема мера ја инхибираат огнената надмоќ на Израел, со што ги канализираат трупите, ги стеснуваат и не им дозволуваат да дојде до израз нивната огнена моќ, да дојде до израз развивањето и на тој начин излегува дека анулираат добар дел од предноста што ја има Израел. На тој начин, со спојување на две методи на војување – едната е онаа од Виетнам, а таа се подземните маневри преку тунелите со кои виетнамските бунтовници се спротивствавувале на специјалните сили на САД и втората е чеченската прегратка на смртта – тоа е близок борбен допир до непријателските сили со цел да оневозможат артилериска или воздушна поддршка и на тој начин да дозволат борба гради в гради. Во тој случај ќе дојде до израз фанатизмот или подготвеноста на едните или на другите“, смета Хаџи Јанев.

Таргетираните упади, според него, имаат и друга цел, а тоа се шпекулациите кои почнаа да се шират за специјални единици или групи кои дејствуваат децентрализирано и надвор од вооружените сили на Израел. Тоа, како што истакна Хаџи Јанев, се лица кои зборуваат одличен арапски и се лица кои што ќе се инфилтрираат и ќе се обидат да создадат скепса во Хамас, да навлезат во идентификуваните тунели и на тој начин одвнатре да ги идентификуваат целите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе