Со транспаренти на кои беа истакнати повеќе пораки: „Престанете да убивате деца“, „Престанете да ја бомбардирате Газа“ и други, денес група граѓани излегоа на плоштадот во Тетово на протест за поддршка на палестинскиот народ. Присутните исткнаа дека се разочарани и незадоволни од ставовите на светот во целина, и посебно од ставовите на владите и медиумите во врска со тоа што се случува деновиве во Газа. Побараа да се прекине масакрот на невините граѓани.
- „Повеќе од 6000 жртви, од кои 2 600 се убиени деца, не се умрени, бидејќи тие не умираат од воздухот што го дишат туку се убиени. Да не зборуваме за уништената инфраструктура и цивилизација на едно место, која често пати е опишана како „најголемиот отворен затвор во светот“. Тука сем за да му се спротивставиме на актуелниот наратив, каде што палестинските жртви имаат помала вредност од израелските жртви“ – Јетон Џеладини.
– „Како што знаете во целиот свет овие денови има протести за да се дигне гласот за правата на луѓето кои се масакрираат во Палестина.
- „Тука сме да ја искажеме својата поддршка кон тие луѓе кои патат со декади, не е тоа од денеска“, велат граѓаните.
https://youtu.be/q2sZQShoWbY