Дали веледрогеријата „Пановски“ имала повластен статус кај МАЛМЕД, колку контроли се направени на Онкологија и што е утврдено и дали е контролирана набаваката на цитостатската биолошка терапија беа прашањата на кои денеска пред пратениците членови на собраниската Анкетна комисија одговараа актуелни и поранешни директори и заменици во оваа агенција
Во Македонија нема електронски систем кој ги следи набавките од веледрогериите и употребата на увезени лекови.
Постоечкиот систем во државата предвидува МАЛМЕД да контролира квалитет и безбедност на лек и дали се примени кај велдрогериите но не и иснпекциски надзор кај крајниот примач Клиниките.
Дали при набавката на лекови вклучително и биолошката терапија е фаворизирана веледрогеријата „Пановски“ беше прашањето кое го поставија неколку пратеници од опозицијата, но според беќировски, односите со оваа компанија билe како и со сите останатити.
Претседателката на Комсијата Мизрахи соопшти дека во два наврати барале писмена документација од МАЛМЕД, но не била целосно доставена.
Огнен Чанчаревиќ