Спорт Фудбал

Милан во Париз го бара првиот гол сезонава во ЛШ

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва дербито е на „Паркот на принцовите“, каде ПСЖ го пречекува Милан. Групата Ф речиси секоја рунда носи дерби, бидејќи има четири исклучително квалитетни екипи.

Дуелот во Париз е важен и за францускиот шампион и за италијанскиот тим. ПСЖ во минатото коло беше надигран во Њукасл со 4-1, а на премиерата го победи Дортмунд, додека „росонерите“ по две кола имаат две ремија без постигнат гол. Со пораз и двете екипи сериозно ќе ги намалат шансите за прогрес во следната фаза.

ПСЖ игра променливо во Лига 1 и во Лигата на шампиони, па очигледно тимот се уште се привикнува на системот на тренерот Луис Енрике. Игра офанзивно, има огромен посед на топката и создава шанси, но не победува секогаш. Милан од друга страна пак има сериозен проблем со ефикасноста и реализација на шансите. Со Њукасл во првото коло на „Сан Сиро“ имаше 26 обиди и не постигна гол, а на гостувањето кај Дортмунд исто така имаше неколку изгледни шанси кои не ги реализираше, па затоа има само два бода на контото.

Луис Енрике не може да смета само на Преснел Кимпембе кој долго е повреден, како и на Нуно Мендеш, па затоа на располагање ги има најдобрите играчи. Стефано Пиоли има посериозни проблеми, бидејќи од комбинација за настап отпаднаа Ноа Окафор, Рубен Лофтус-Чик и Самуел Чуквуезе.

ФУДБАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
3.КОЛО

ГРУПА Е
ФЕЕНОРД – ЛАЦИО (18:45 часот)
СЕЛТИК – АТЛЕТИКО М. (21 часот)

ГРУПА Ф
ЊУКАСЛ – БОРУСИЈА Д. (21 часот)
ПСЖ – МИЛАН (21 часот)

ГРУПА Г
ЛАЈПЦИГ – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (21 часот)
ЈАНГ БОЈС – МАНЧЕСТЕР С. (21 часот)

ГРУПА Х
БАРСЕЛОНА – ШАХТЕР Д. (18:45 часот)
АНТВЕРП – ПОРТО (21 часот)

ВЧЕРАШНИ НАТПРЕВАРИ

ГРУПА А
ГАЛАТАСАРАЈ – БАЕРН М. 1-3
МАНЧЕСТЕР Ј. – КОПЕНХАГЕН 1-0

ГРУПА Б
ЛЕНС – ПСВ 1-1
СЕВИЉА – АРСЕНАЛ 1-2

ГРУПА Ц
БРАГА – РЕАЛ М. 1-2
УНИОН Б. – НАПОЛИ 0-1

ГРУПА Д
ИНТЕР – САЛЦБУРГ 2-1
БЕНФИКА – РЕАЛ С. 0-1

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе