Борба против Лажни вести Вести

Се намалува бројот на новинари, а се зголемува бројот на т.н. инфлуенсери -лажните вести и дезинформации се шират преку социјалните мрежи

Лажните вести и дезинформациите најчесто се шират преку социјалните мрежи, тврдат истражувачите и сметаат дека државните институции мора да работат на подобрување на медиумската писменост. Во основните училишта веќе има наставни програми за медиумска писменост, а се планира истото да се примени и во средното образование, бидејќи најмладите се главна жртва на дезинформациите и непрофесионалните информации.

„Можеби традиционалните медиуми се поотпорни но тие понекогаш можат да бидат изненадени, можеби не по сопствена волја туку заради одреден пропуст да дозволат да бидат понатаму ширачи на лажни вести и дезинформации“, вели Д-р Зоран Трајчевски директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Со заеднички напор може да се постигне повисоко ниво и на знаење и на заштита на основните права на граѓаните кои што се покриено со оваа сфера на дигитални права и се дел од развојот на дигиталната и медиумска писменост која што не е само медиумско туку и безбедносно прашање не само на државно ниво во врска со геополитички влијанија туку и на лично ниво од аспект на заштита на не само на основните права на безбедност на децата туку и на економската сигурност кај граѓаните како во ситуација со различни сајбер напади кои што ја злоупшоптребуваат ниската медиумска писменост кај нас“, вели Филип Стојановски фондација Метаморфозис.

Кај младите има напредок во препознавање на лажните вести, за што придонес дава и дигитализацијата со новите алатки за медиумнска писменост. Регистрирана е и нова појава, додека се намалува бројот на студенти по новонарство, се зголемува број на таканаречените инфлуенсери кои објавуваат секаква непрофесионално подготвена содржина содржина на социјалните мрежи и заработуваат многу повеќе пари од новинарите.

„Мораме сите заеднички да работиме на тоа да го зачуваме новинарството . Тоа е јавно добро кое што го штити интересот на секој поединец на сите граѓани и затоа ние во програмата особено го нагласуваме апспектот на тоа децата да ја препознаваат вредноста на новинарството и зошто и самите треба да го поддржуваат во секоја можна форма, бидејќи само граѓаните можат да го зачуваат и да го спасат новинарството“, вели Билјана Петковска, МИМ.

Оваа година по петти пат се одржуваат Денови на медиумската писменост. под мотото „Брз прст- лажни вести носи“, а  во организација на УСАИД и фондацијата Метаморфозис.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Обид за компјутерска измама со податоци на владата- Нема таква мерка од 100 евра, граѓаните да внимаваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе