
Министерот Фатмир Меџити, кој вчера ја посети болницата во Куманово, како што пренесува Кумановски муабети, смета дека за тоа требале да мислат предходните министри и менаџери.
„За тоа требало да размислуваат господата моите предходници, но и предходните менаџери на Општа болница Куманово. Знаеме дека тука имаше многу проблеми и предходно, јас веќе нема да го дозволам тоа. Тоа за што треба да ме држите за збор е дека ќе напредуваат работите во Кумановската болница, како никогаш досега. И затоа отсега натаму нема да дозволам никакви злоупотреби, луѓе кои не менаџираат добро, да седат и да спијат. Ако сакаме здраво, здравство за сите наши пациенти вака ќе работиме“, вели Меџити.