Вести Македонија Топ вести

Апелација го укина решението на Кривичниот суд дека амнестијата не важи за организаторите на 27 април

Скопска апелација го укина решението на Кривичен, кој одлучи дека амнестијата не важи за обвинетите организатори на настаните од 27-ми април, дознава Телма. Ова значи дека судијата кој го води овој судски процес, сега треба повторно да одлучува и да се произнесе. Ова за Телама го потврдија од Кривичниот суд, а од Апелација со одговор:

„Апелациониот суд донесе процесно решение, откако процени дека првостепениот суд не посветил доволно внимание, односно не водел постапка за кривично-правен акт на која ќе ги изведе доказите против обвинетите, туку ценел дали тие подлежат на Законот за амнестија или не. Во прилог на ставот на Алелациониот суд Скопје е и фактот дека вишиот јавен обвинител, бара преиначување на нивните жалби, а во насока на прифаќање на жалбите на четворицата обвинети“, потенцираа од Апелација од каде најавија дека одлуката ќе биде во целост достапна за јавноста.

Од Вишото обвинителство за Телма образложуваат дека надлежниот јавен обвинител на одржаната јавна седница на Апелација дал предлог да се укинат решенијата на првостепениот суд поради суштествена повреда – недоволно образложени причини во првостепените одлуки. Ваквиот став, велат, не се однесува на фактичката примена на амнестијата и тоа било детално образложено на седницата.

Апелација во април годинава ја укина пресудата за организаторите и случајот го врати на почеток во кривичниот суд. Една од главните забелешки и тогаш беше дека Кривичен недоволно образложил зошто ги одбил обвинетите Трајко Вељановски, Миле Јанкиески, Спиро Ристоски и Владимир Атанасовски за амнестија. Констатираше дека се занемарени нивните приговори.

На повтореното судење, одбраната реагираше на селективна примена на Законот за амнестија, бидејќи со истиот закон се аменестирани пет пратеници, но не и Вељановски. Додека пак Јанакиевски и Ристовски тогаш немале никакви овластувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

Дејан Дејан

Марко Рубио ќе учествува на неформална средба на НАТО во Турција посветена на Русија и Украина

Дејан Дејан

Руското Министерство за одбрана информира за одржани состаноци со претставници од околу 20 странски држави

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе