Вести Македонија

Стари барања, нови протести – судската администрација на улица

Не попуштаме, дојдовме по своето. Со марш од пред кривичниот суд до илинденска бр. 2, судската администрација го крена гласот. Побараа покачување на платите, во спротивно се заканија со нови протести.

„Си ги бараме нашите 0,8 % кои ни ги одземаа од март кои не ни се исплаќаат откако на функционерите им ги покачија платите. Бараме под итно да ни се вратат парите за сите седум месеци досега и тековно да ни се исплаќаат секој месец 35 % во плата. Исто така и зголемување на платата за 78% од минималната плата на секој службеник“, вели Јасмина Величкова претседателка на Независниот синдикат на судската.

„Присуството на овој огромен број на вработени од сите судови во државата укажува на сериозноста на нашите барања и на потребата на нивно итно решавање предизвикана пред се од крајно ниските плати и растот на цените. Овие луѓе овде се дел од судската власт и срамота е да ги бараат своите права на улица“, вели Верица Тасева, член на управен одбор на здружение на судска администрација.

Револтот за ниските плати го искажаа и пред Владата, каде побараа средба со премиерот за да седнат на маса и да се договорат за надлежните да им ги исполнат нивните барања.

„Вработените во судската служба земаат плати можеби во историјата најниски, ама сигурно толку разлика во платите помеѓу хиерархиски највисоките поставени во судовите и оние кои што се хиерагиско најниско поставени не биле толку големи. Ова е навистина срамно за секоја држава“, вели Борче Мирчевски претседател на Здружението на судска администрација.

Неколку месеци судската администрација преку протести бара покачување на платите. Исто така враќање на надоместоците кои им беа скратени по одлуката на Уставниот суд, со која платите на судиите се зголемија за 78 одсто. Судскиот буџетски совет побара од министерството за финансии итно да го реши проблемот и да обезбеди средтва за додатоци а од Финансии за Телма одговорија дека ќе ги исплатат додатоците на плата доколку има фискален простор и обезбедени пари во Буџетот на судската власт  кога ќе заврши прераспределбата на средствата

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе