Законот за административни службеници , закон за вработени во јавен сектор, законот за високо-раководна служба, законот за АВМУ и законот за дигитална агенција, се петте закони кои се активни во Министерството за информатичко општество и администрација.
Сите се при крај, и се очекува да бидат изгласани на влада во наредните 5-6 дена. Истите се со европско знаменце и се со брза постапка затоа што ни се дефинирани по правилата и патоказите од ЕУ, изјави министерот Азир Алиу, во вечерашната Топ Тема.