Вести Македонија

Разликата во платата помеѓу судски службеник наспроти судија е 1:6 – судската администрација утре на протест

Судскиот буџетски совет со критики за министерствити за финансии дека ја загорзува независноста на судството со тоа што не им исплака додатоци на плата на судската администрација. Во денешното соопштение предупредуваат дека одржаните протести но и најавите за генерален штрајк на судската служба ќе значат прекин во работата, трошоци и   одолговлекување на судските предмети. Додатоците на плата се законско право на вработените и финансии треба да ги обезбеди овие средства во најкраток рок повикуваат од судско буџетскиот совет каде покрај претседателот на Судски совет членуваат и претседатели на други судови

  • Судскиот буџетски совет има сериозна забелешка кон Министерството за финансии од аспект на почитување на финансиската самостојност и независност на судската власт при донесувањето на одлуки за пренамена или за исплата на  додатоци на плата, кои што Министерството не ги почитува. Таквото постапување на Министерството сериозно ја доведува во прашање независноста и самостојноста на судската власт што е услов за целосна независност и самостојност на судската власт.

Судска администрација утре повторно на протест – од кривичниот суд до влада каде ќе инстистираат на средба со премиерот. Ќе си ги бараат назад додатоците од 35 остсто кои не ги добиваат од март годинава  но и покачување на платата за исто толку проценти колку што добија функционерите.

Исти барања имаат и вработените во обвинителствата кои одржаа и протести и штрајк

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе