Вести Македонија

Фон дер Лајен: За секоја реформа, ние ќе инвестираме – функционира во ЕУ, ќе може и на Западен Балкан

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на прес конференцијата во Тирана каде се одржа Самитот на Берлинскиот процес го претстави новиот план за раст на економиите, кој им за цел да ги спои економиите на земјите од Западниот Балкан со единствениот пазар на ЕУ. Новиот план за раст, ако се имплементира, има потенцијал за двојно да ја зголеми економијата на Западен Балкан и тоа во оваа деценија, рече Фон дер Лајен.

Има 4 столба. Првиот столб е да се внесе Западниот Балкан во заедничкиот пазар. Всушност, ја отвораме вратата од единствениот пазар во седум клучни области за компаниите на Западен Балкан. Да дадам еден пример, тоа е меѓуцаринската соработка, е – трговија, безготовински плаќања, патен транспорт, струја, роаминг, се само дел.

Вториот столб е земјите од Западен Балкан ќе мора да го комплетираат нивниот заеднички регионален пазар. Ако го комплетираат овој пазар, ќе може да им се зголеми БДП-то за 10%. Значи, Западниот Балкан ќе мора да се отвори кон своите соседи, кон петте соседи и партнери од своите пазари.

Третиот столб се реформите. Ако сакаат да влезат на единствениот европски пазар, земјите од Западен Балкан ќе мора да играат на нивото, да ги исполнат истите правила, стандарди, тоа значи реформите се неопходни, а тие реформи ќе ги донесат поблиску до членство. Овие реформи исто така ќе ги направат и поатрактивни за европските инвеститори, и што е многу важно, нашите почитувани економии ќе се сретнат. Бидејќи, економиите на Западен Балкан се на 35% од европскиот просек. Значи, има многу работа, за да се спојат економиите.

И четвртиот столб од планот е – ако реформите и напорите се исполнат, тогаш ќе имаат зголемени ЕУ фондови за инвестиција.  Со други зборови, предложивме пакет од шест милијарди евра, две милијарди во грантови, и 4 милијарди во заеми. Истата логика се применува и во планот „Следна генерација ЕУ“ за земјите членки, а тоа се инвестиција и реформи. Средствата ќе се доделат за испорачаните реформи. Значи условено е. Добро функционира во ЕУ, и ќе се убедите дека функционира и на Западен Балкан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе