Вести Македонија Најважни

Фон дер Лајен од Тирана: Оние кои сакаат да се реформираат на Западниот Балкан, ќе добијат пари од ЕУ

Од Тирана за Телма

Марија Дивитарова Савановиќ

Економијата ќе биде главна тема на Самитот на Берлинскиот процес што се одржува овде во Тирана. Во фокусот на разговорите ќе биде планот за раст на Западен Балкан на кој работи Европската комисија, а кој претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен го услови со реформи на земјите од Балканот. За оние кои навистина сакаат да се движат напред нашите врати се отворени, рече фон дер Лајен. 

„Ова е многу специјален Самит кој праќа порака колку сме посветени на проширувањето. Главна тема ќе биде еккономијата на Западен Балкан и како тука можеме подобро. Затоа претставив план за раст со кој сакаме да им дадеме пристап до единствениот пазар на компаниите од Западен Балкан на единствениот европски пазар, но за тоа требаат реформи на ЗБ. И оние кои сакаат да се реформираат ќе добијат пари од ЕУ. За ние кои навистина сакаат да се движат напред нашите врати се отворени и да работиме на тоа“, порача Фо дер Лајен. 

На Самиот нема да се зборува за билатерални прашања, како на пример тензиите меѓу Србија и Косово. Албанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Самитот рече дека во овие девет години од Самитот видовме бројни состаноци меѓу нас и ЕУ, но економските ветувања од Берлинскиот процес не беа целосно реализирани.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред почетокот на самитот рече дека очекува разговори за поголемо поврзување на регионот.

„Очекувањата се дека ќе имаме конструктивна дискусија прво во однос на зголемување на регионална соработка, во однос на зголемување на инвестициите за поврзување на регионот, односно на сите земји во регионот и посебно разговори во однос на обезбедување на енергетска независност и обезбедување на дополнителни финансиски средства за енергетско осамостојување на регионот и зелена транзиција на енергетскиот сектор“, рече Ковачевски. 

На Самитот се предвидени две работни сесии. Едната за интегрирање на регионот кон единствениот европски пазар и втората за зелена и дигитална транзиција на Западен Балкан. Завршната прес-конференција е најавена за попладнево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе