Вести Македонија

Бизнисот бара времена мерка – во спротивно, до 25 октомври компаниите мора да платат данок на солидарност

Компаниите имаат десет дена да го платат солидарниот данок. Законот ќе се почитува и давачките ќе бидат подмирени, уверуваат од бизнисот – но, бараат времена мерка за данокот, сѐ додека не се изјасни Уставниот суд. Секторот поднесе иницијатива до Уставен, со која ја успорува уставноста на Законот за данок на солидарност. Истиот беше изгласан пред еден месец. Со него се предвидува да се даночат компаниите кои лани оствариле приход над 10 милиони евра. Владата која беше предлагач на овој закон, најави дека со парите ќе се носат нови антикризни мерки и ќе се поддржува стопанството.

  • Во функција на заштита на нашите компании-членки е поднесено барањето за времената мерка. Останува Судот да си ја донесе својата одлука. Ако нема Судот одлука до утврдениот законски термин, нормално дека треба да се почитуваат законите и легитимните постапки коишто се во сила.“, изјави Анета Трајковска – Стопанска комора

Иницијативата за испитување на уставноста на Законот за солидарен данок е поднесена на 12 октомври и во неа е побарана времена мерка. Причина за тоа се кратките рокови предвидени во законот – оценуваат од бизнис-секторот. Повикуваат да се спречат евентуалните последици, кои потоа тешко ќе се санираат. Во Уставен веќе се формирани предмети по ова прашање.

  • Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот во целина. Oва значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапката и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи. Уставниот суд не одлучува одделно само за времената мерка, туку кога ќе се расправа и одлучува по главниот предлог во врска со предметот.

Претходно, од Стопанската комора побараа и да се обезбеди гаранција на правната сигурност како составен дел на владеење на правото што е неопходен во процесот на работење на компаниите.

 

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе