Министерот за информатичко општество и администрација побарал во неговото министерство надворешна ревизија, со цел како што вели да дознае зошто некои процеси во ресорот се одвивале бавно или едноставно воопшто не се започнати.
- За жал имаме податоци дека во над 80% од тие постапки се јавува само една компанија. Барав да се направи анализа за изминатите две години, и според резултатите во 2023-та година во неколку договори за економски оператори, се појавува седум пати една фирма, 4 пати друга фирма и така натаму. Сумите се огромни, и затоа, за да сме транспарентни строго забранувам само една компанија да се јавува на тендерите. Не велам дека има прекрушвање на процесите, тоа треба друга институција да го провери, но јас само сакав некој да ми ги провери интерните работи во министерст6вото, вели Азир Алиу во Топ тема.
Имињата на фирмите и податоците од нивната анализа најави дека ќе ги соопшти во петок, и ќе бидат јавно објавени на интернет страницата на министерството.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.