Вести Македонија

Скопјанец ја претепал бремената сопруга пред нивното две годишно дете

Осомничен скопјанец за тепање на својата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот. Возејки се со нивното две годишно дете во нивното возило, скопјанецот започнал расправија, а потоа ја нападнал физички неговата сопруга.

Иако таа успеала да избега од возилото и да побара помош, тој тргнал по неа и продолжил да ја тепа. Скопјанецот и нанел тешки повреди, со што таа го загубила бебето.

,,Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.” – се вели во соопштението од јавното обвинителство.

Обвинителството бара притвор за насилникот бидејки гледа опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото..

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе