Македонија

Граѓаните добија парно греење, се уште неизвесна цената

Започна грејната сезона, граѓаните утрово имаа топли радијатори. Топланите стартуваа со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запре во 10:00 часот При стартот на новата грејна сезона не се регистрирани проблеми, велат од ЕСМ.

Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ. По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури  после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува, велат од ЕСМ Санабдување со топлина.

Граѓаните добија парно греење, но по стара цена. Засега Регулаторната комисија за енергетика не носи одлука за нова цена се додека не биде поставен новиот топловод по мостот Беласица, за кој градот Скопје и ЕСМ се натегаат со месеци.

За граѓаните е нејасно по која цена ќе ја плаќаат услугата со оглед дека се уште не е почната замената на цевките на топловодот под мостот Беласица

Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците, вели Бислимовски, претседател на РКЕ.

Вообичаено одлука за нова цена на парно се носи до крајот на јули, но поради низа проблеми Регулаторна се одлучи да ја одложи. Градско парно користат над 60.000 домаќинства, најмногу приклучени има на ЕСМ, поранешно БЕГ, додека најмалку на топланата Скопје- Север.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе