Вести Македонија

Османи смета дека од безбедносен аспект најдобро е Груевски да се врати , Меџити прашува дали ќе дојде на денот на ВМРО

Најдобро решение е Груевски да се врати и да продолжи со судењата, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи. Ваквиот став го оправдува со безбедносниот аспект. Смета дека е штетно за државата, човек  кој повеке од една деценија бил премиер , некој друг да го има во раце, вели шефот на дипломатијата кој негира дека имало иницијатива или разговори за негово враќање.  За Османи темата околу Греувски е резултат на паника и страв во ВМРО-ДПМНЕ кон психолошкиот лик на поранешниот лидер а не општествено прашање . Вели дека се прави фама околу комуникација со Груевски како резултат на нивните внатрешни односи.

Од политички аспект има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој што ви бил премиер повеќе од 10 години и ги имал сите информации на државата, а е во рацете на друга држава, тоа не е паметно за било која држава, Бујар Османи, министер за надворешни работи

Објснувањето на Османи е смешно за неговиот поранешен сопартиец а сега лидер на Демократско движење, Изет Меџити . Вели Груевски досега имал доволно време да ги издаде информациите, ако сакал.  Меџити кој претходно го праша  Османи дали го посетил Груевски во Будимпешта, денеска фрли нов сомнеж -Дали се подготвуваат да го вратат  Груевски во Скопје на 23 октомври на Денот на ВМРО?

Од владеачката СДСМ со кус коментар.

Никола Груевски во оној момент кога ќе стапне во нашата држава ќе издржува казна затвор согласно конечни позитивни судски пресуди. Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Колку судски предмети на Груевси ќе преживеат е во фокусот на правните анализи по спорните измените на КЗ.

Во фокусот на политичките препукувања веќе два месеца е кој подготвува сценарио за спас на Груевски, кој комуницирал со него и кој барал да тој биде амнестиран за да помогне во обезбедување на двотретинско мнозинство за уставните измени.

Друга опасност која ги демне предметите на порнешното СЈО е иницијативата  до Врховниот суд  да донесе нечелелен став за помилувањата на Иванов иако судот веќе се прозинесе за ова правно прашање преку пресудата за Транспортер.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе