Вести Македонија

Меџити постави нови директори на клиниките за кардиологија и за дерматовенерологија

Кадровски промени на две скопски клиники. Министерот за здравство Фатмир Меџити назначи нови медицински директори на клиниките за кардиологија и за дерматовенерологија

На местото на др Жан Зимбаков, за нов медицински в.д. директор на Клиника за кардиологија е назначен д-р Беким Поцеста, специјалист по кардиологија, кој од 2005 година е вработен на Клиниката за кардиологија на одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација наелектростимулациски уреди.

Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на УК за кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година, стои во соопштението од министерството за здравство.

На местото на проф д-р Сузана Николовска на Клиника за дерматовенерологија за в.д. медицински директор е назначен д-р Дејан Филиповиќ, кој од 2018 година е вработен на оваа клиника како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Тој, во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, член на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, како и член на Европската академија за дерматологија и венерологија, информираат од здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе