Вкупно 22 македонски државјани се вратени во земјава од синоќа. Петмина синоќа дошле преку Атина, а утринава уште 17 се на пат за дома, изјави министерот за надворешни Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите. Еден брачен пар е заглавен во Газа, но во моментов се добро. Засега нема како да се извлечат од таму, за нив се работи со Египет. Во Изарел се регистрирани 150 наши граѓани, 60 од нив се вратени. Останатите 90 ќе бидат вратени утре со авионски лет организиран од Македонија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.