Вести Македонија

РЕК Битола до крајот на овој месец со сите три блока во погон

РЕК  Битола кон крајот на овој месец ќе ги стави во погон сите три блока со што велат од таму дека се подготвени со полн капацитет да обезбедат производство на електрична енергија за потребите на потрошувачите во оваа грејна сезона. Сепак, менаџментот остава простор и за непредвидени ситуации, напоменувајќи дека најголемиот капацитет во државата произведува струја со стара опрема.

„Завршени се ремонтите на блоковите, преземни се сите мерки за стабилно производство. Но, покрај тоа што преземаме се, да нагласам дека управуваме стари машини, стари системи за да обезбедиме стабилно производство“, вели Пеце Матевски, генерален директор на РЕК Битола.

Иако на депонија има 500.000 тони јаглен и два милиони тони откривка, спремена за експлоатација, сепак комбинатот ќе увезува  јаглен, а од РЕК велат точните количини не се знаат.

„Ќе имам увоз на јаглен со висококалорична можност за да имаме хомогенизација, односно мешање, затоа што нашиот јаглен што сега го откопуваме е со ниска калорчна вредност. Го набавуваме од соседна Грција и соседна Албанија. Нашите договори се рамковни и спрема потребите така ќе нарачуваме“, вели Матевски.

Поголем дел од минатата грејна сезона,  РЕК Битола не работеше со полн капацитет, откако во ноември 2021 година изгоре трансформатор на Третиот блок. Тој беше ставен во функција лани во јануари.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе