Вести Македонија Топ вести

Пензионерите не се откажуваат од своето барање, продолжуваат со протестите

Пензионерите не се откажуваат од своето барање за линеарно покачување на нивните примања. Најавуваат продолжување на протестите но и нивно радикализирање доколку се нема слух за нив.

Најавуваат дека со шатори ќе излезат пред институциите, а нивните барања ќе ги достават и до амбасадите во земјава но и до ЕУ. Велат дека доколку се продолжи со игнорирање на ваквото нивно барање за зголемување од 5.000 денари во иднина ваквата сума може да порасне.

Покачувањето од 600 денари кое го добиле за месец септември велат дека е под секое достоинство и само залажување, а мерките кои ги најавува министерката тренчевска не ги прифаќаат бидејќи како што велат додека бидат донесени инфлацијата ќе ги изеде парите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе