Вести Македонија

Османи со сознанија дека уставните измени ќе бидат успешно спроведени

 

Уставните измени ќе завршат успешно. Со вакви информации располага министерот за надворешни работи, на месец и половина пред истекот на неформалниот рок за носење на уставните измени, за да се фати рокот на декемврискиот состанок на Европскиот совет да бдие донесена одлука за преминување на Македонија во втората фаза од преговорите, односно отворање на кластерите.

„Моја задача е да сум оптимист и дa работам тоа да се случи. Според моите сознанија процесот ќе заврши успешно, се надевам навремено“, изјави денеска Бујар Османи на брифинг за новинарите.

За да се добие согласност за втората фаза од преговорите, освен уставните измени земјите-членки на ЕУ ќе треба да дадат согласност и за Акцискиот план за почитување на правата на малцинствата. Османи во извештајот за Македонија на Европската комисија против расизам и нетолеранција при Советот на Европа не гледа закана за блокирање на Акцискиот план за малцинствата од страна на Бугарија, со оглед дека во него се наведува дека има насилство и широкораспространет говор на омраза кон Бугарите во земјава, забрана на нивни здруженија, со барање за систематско и доследно спротивставување од страна на властите на таквиот антибугарски јавен дискурс.

„Акцискиот план е направен согласно сите правила на Советот на Европа, на нашата домашна легислатива по однос на малцинските права. И тој извештај, како што реков, го правиме ние. Се разбира уште не сме до таа фаза во која што ЕК почнува консултација со земјите-членки за да се види дали тие имаат забелешки“, рече Османи.

На прашањето дали се уште не се знае каков е ставот на Бугарија откако стигна  таков извештај од Советот на Европа, Османи со одговор:

„Мислам дека не е поврзано со Извештајот. Се уште не е до таа фаза во која што се консултираат земјите-членки“.

Во моментов се работи на втората предлог-верзија на Акцискиот план.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе