Ограничување на рабат со 10 отсто, европско знаме во процедурата, рок за имплементација од најмногу шест месеци и казни во износ од 20 илјади евра. Ова се клучните ставки во новиот Закон за спречување на нефер практика во синџирот на снабдување со земјоделски прехранбени производи кој е во финална фаза од подготовката.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска имаше средба со претставниците на најголемите компании во земјоделскиот сектор околу новините кои ги предвидува овој закон и е убеден дека кога ќе стапи на сила ќе има пониски цени на производите и подобар квалитет
Преставниците на компаниите пак ќе го искористат рокот до крајот на овој месец да достават евентуални забелешки на Законот. Сметаат дека рокот од шест месеци за имплементација е доволен.
Васко Ристовски, Здружение за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската Комора
Во Законот се набројани 26 нефер практики со кои Бектеши и надлежните во Владата сметаат дека ќе се стави ред во начинот на трговијата со земјоделските прехранбени производи и ќесе избегне манипулирање со цените.
Огнен Чанчаревиќ