Вести Македонија Најважни

Двајца македонски државјани се заглавени во Газа – сите излези им се затворени

Двајца македонски државјани се заглавени среде најжестокиот оган на војната. За нив ситуацијата засега е најсложена. Останатите најдоцна до утре треба да го напуштат Израел.

Министерот за надворешни работи, Османи, откри дека единствениот излез за нашите државјани во Газа е затворен. Во тек е сложена операција преку дипломатско-конзуларната мрежа, за да се најде начин како да се извлечат и пренесат на безбедно, а потоа да се вратат во Македонија.

Двајцата државјани се сопружници од мешан брак и долгогодишни жители на Газа вели министерот Османи за Телма, а не туристи или работници таму. Тие сега го бараат спасот преку нашата амбасада.

„Единствениот излез е граничниот премин „Рафах“ кон Египет. Меѓутоа и тој е затворен од страна на Египет. Кога почнуваат луѓето да бегаат од тој граничен премин, Египет го затвора истиот. Нашите луѓе во моментот се погодиле точно кога се затвора граничниот премин. Сега тие се вратени во Газа и се на безбедно. ние ги комуницираме постојано меѓутоа засега немаме начин освен доколку Египет не го отвори граничниот премин само за овие луѓе. Така што, во комуникација сме со Министерството за надворешни работи во Каиро“ изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Досега се контактирани 150 наши државјани во Израел. Од нив, 60 се веќе вратени во Македонија, а останатите утре попладне се враќаат во земјава со директен лет од Тел Авив до Скопје.

Ова го напиша премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи и се заблагодари на премиерката на Србија, Брнабиќ, затоа што летот ќе се реализира со авион на Air Serbia.

Претходно министерот за надворешни работи посочи дека Македонија треба да размислува за ваквите случаи во иднина.

„Единствена предност би било да имаме посоодветен владин авион и да ги евакуираме уште порано. Меѓутоа тоа е ситуација којашто ќе треба да се размисли во иднина за вакви случаи“ посочува министерот Османи.

Претходно и премиерот Ковачевски информираше дека во Израел покрај туристи има и студенти и работници.

Од МНР посочија дека има и наши државјани коишто живеат во Израел и не сакаат да си заминат, а се мажени и женети за израелски државјани.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе