Вести Македонија

Насилникот кој брутално ја нападна сопругата, ќе одговара само за телесна повреда, не и за прекршување на мерките за заштита оти одлуката не била правосилна

Скопското обвинителство поднесе обвинение за 25-годишниот насилник кој минатата недела, пред очите на двегодишната ќерка и под дејство на алкохол, брутално ја нападнал сопругата од која се разведувал.

Иако имал судска забрана да и` се доближува на 100 метри, тој дошол пред нејзиниот дом. Почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал и ја влечел за коса, ја изгребал, ја гризел и ја давел за вратот, и го одзел телефонот, упатувајќи и` закани дека ќе ја убие и ќе избега со нивната ќерка. Жртвата успеала да избега и да се јави во полиција.

Истрага се водеше за две кривични дела „Телесна повреда при семејно насилство“ за кое е пропишана казна затвор од шест месеци до три години и за „Неизвршување на судска одлука“ од една до пет години затвор. Но, обвинението е поднесено само за првото кривично дело, за кое е предвидена и пониска затворска казна. За второто дело нема да одговара, затоа што привремената мерка за заштита од семејно насилство не била правосилна.

Од обвинителството за Телма одговорија дека согласно член 377 став 5 од Кривичниот законик се казнува лице кое нема да постапи по правосилна судска одлука донесена во постапка за издавање на наредба на заштита на права. Во текот на претходната постапка е утврдено дека во моментот на извршување на делото одлуката за изрекување заштитни мерки не била правосилна.

Од ова произлегува дека откако Основниот суд ќе донесе мерка, таа може да не биде почитувана и прекриштелот да не одговара кривично, додека не стане правосилна, односно додека не ја потврди повисокиот суд. Од обвинителството велат дека е констатирана оваа законска празнина во одредбата и најавуват дека во новиот Кривичен законик инсиститраат да се промени.

Според минатонеделеното соопштение од обвинителството, на насилникот не му било прв пат да ја малтретира жртвата и да ја прекршува привремена мерка за заштита од семејно насилство. Обвинителот побарал и да се продолжи мерката притвор за осомничениот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе