Проблемот со недостиг на учебници не е само оваа година, но овој министер имаше доволно време да ги спроведе препораките на Комисијата. Имаше, отприлика, повеќе од четири месеци и имаше начин на кој ќе можеше да ги исполни прпораките, изјави Весна Бендевска, членка на Комисијата за заштита ик спречување на дискриминација, во вечерашната Топ тема на ТВ Телма во врска со тужбата за Министерството за образование и наука (МОН) околу учебниците. Аргументите на Комисијата се однесуваа на колкав процент на учебници недостасуваат, колку време тоа трае, дека не се постапило по укажувањата од претходната година.
„Со самиот факт дека веќе наредниот ден, Министерството за образование и наука на својата веб страница објави три нови повици за формирање на авторски тимови за одреден број на учебници, говори дека не обезбедиле учебници по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се изведува наставата во основно образование. Тоа е доказ дека Комисијата утврдила факти врз база на нивна документација. И во право е. Овој проблем со недостиг на учебници не е само оваа година, но овој министер имаше доволно време да ги спроведе препораките на комисијата“, изјави Бендевска.
Таа додаде оти министерот секојденвно изјавува дека се обезбедни учебници за уште еден предмет, па за друг предмет, но потсети дека на 1 септември недостасуваа 34 отсто од учебниците за основно образование.
„Нашата препорака беше кратка, децидна и јасна – обезбедете учебници за секој ученик, за секој предмет, на секој наставен јазик најдоцна до 31 август, ден пред почетокот на новата учебна година. И за тоа требаше писмено да нè известат. Ние го обезбедивме тој документ, има архивски број и произлегува од МОН. Од вкупно 126 учебници, 46 недостасуваа. Тоа, според наше мислење, е огромна нееднаквост. Кога комисијата констатира дека дискриминацијата зафаќа голема популација, во случајот илјадници ученици од основно образование, тогаш законот по кој работиме и ние и судот е лекс генералис и вели дека Комисијата треба да поведе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес на највисоко судско ниво. И комисијата постапи, ни повеќе, ни помалку од своите законски областувања“, објасни Бендевска.
Тоа беше прв случај од таков вид, истакна таа, и додаде дека во процесот на креирање и обезбедување на учебници, не е само МОН, туку и органите во него, започнувајќи, како што посочи, од Бирото за развој на образованието, преку Педагошката служба, завршува со Државниот просветен инспекторат, Националната комисија за учебници, тело кое формирано од владата.