Како до помалку загадување, почиста животна средина и поздрави граѓани. На оваа тема разговараа Народниот правобранител и градоначалникот на Струмица. На средбата во Струмица, омбудсманот ги истакна овие теми како исклучително важни за градот и порача дека мора да се најдат начини да се намали загадувањето кое е горлив проблем во зимскит период.
Струмичкиот градоначалник Костадинов вели дека се свесни за високата загаденост во зимскиот период и затоа општината предлага оформување на нови огромни површини под зеленило, како и воведување на градски превоз со електрични автобуси.
Зимскиот период Струмица покажува висока концентрација на пм10 честички во воздухот. Како главни виновници се посочуваат сообраќајот, домаќинствата но и индустриските капацитети.