Вести Економија

Разговори на маса, но без детали за предлозите за пресметка на данокот на моторни возила

Разговори на маса, задоволни страни, но без детали за јавноста за кои предлози денеска во финансии Бесими и претставниците на стопанска комора си подаадоа рака. Приватниот сектор побарал, надлежното министерство ги убедувало дека нема да има зголемување на данокот тврди Шкријељ, кој денеска во име на приватниот сектор преговараше со министерот за финансии.

„Разговорите се уште се во тек ние како претставници на приватниот сектор се залагаме за немање на нов финансиски импакт по стопанствениците или по крајните потрошувачки. Од финнсии не убедувааа исто така дека немаат интенција за зголемување на давачки е сега дали ќе биде некаде повеќе некаде помалце се уште имаме работен ден за правење на анализи“, вели за Телма Ѓино Шкријељ претставник на приваниот сектор.

Предлозите за пресметка на данокот на моторни возила согласно нова метода ќе се разгледуваат утре на владина седница, а власта вели ќе се разговара.

„ Мојот личен став е дека треба да ги намалиме на нула акцизите и даноците на електричните возила и хибридните возила и возилата коишто помалку загадуваат особено кои што се понови.“, изјави Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања

Наспроти владините тврдења, извори на Телма брифираат   дека покачување на данокот ќе има кај одредени категории на возила со поголеми мотори и возилата кои имаат поголема емисија на јаглерод диоксид во воздухот.

Данокот пак на возилата со вредност до 10 илјади евра е предвидено од нула да скокне на 1 отсто. Цената на моќните возила би се зголемила за, отприлика, 1.000 евра, а кај волуменските возила, нема да има драстични промени во цената, брифираат изворите за Телма. Меѓутоа сè ќе зависи од тоа за кој предлог ќе се донесе одлука, затоа што во игра се неколку опции.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе