Допрва ќе се открива односно сумира дали затаило разузнавањето, дали е намерно ова дозволено за да има реванш, дали е маска на Нетанјаху, за да ги зацврсти своите позиции, бидејќи Израел е во сериозна криза која длабоко го подели општеството, а можеби поделба има и во самото разузнување и во безбедносниот систем, бидејќи некои анализи укажуваат на тоа дека дури 30% одбиле да бидат мобилизирани ако нешто се случи, вели воено политичкиот анализичар Методи Хаџи Јанев во вечерашната Топ Тема.
Ако го гледаме сето тоа еднострано, можеме да добиеме погрешна слика за целата ситуација, бидејќи анализата бара да се земат предвид сите параметри, посебно на оперативно ниво, на тактички план и она што се случува на теренот, геостратешки и регионалните динаминики , наспорти војната во Украина, односно што тоа ќе значи за Русија и за Кина, и на глобален план, и посебно за тоа кој сега ќе ја носи главната улога на Блискиот Исток.
Меѓутоа она што одекнува, е еден говор на близок соработник на Путин, кој на почетокот на војната во Украина, кажа дека „оној момент кога ќе пукне на Блискиот исток, војната во Украина ќе биде ставена во втор план“, и некако го видовме тоа во рок од еден ден. Но, ако го гледате на тактички план, тоа е минорно во однос на она што се случува во Украина. Да не бидеме нехумани, не станува збор за жртвите, кои загинаа сега, но егзодусот кој им се случи на Украинците и она што се случува во Украина во однос на мобилизација на ресурси, средства, во однос на мобилизација на луѓе е неспоредлив со ова на Блискиот исток, објаснува Хаџи Јанев.