Македонскиот каратист и член на КК Макпетрол, Петар Заборски го освои бронзениот медал на силниот турнир во Ларнака, Кипар, од Светската карате Премиер-лига, А Серија. Вториот наш каратист, кој се бореше денеска за брона, Стефан Стојановиќ за жал ја загуби борбата.
Заборски иако имаше повреда на аркадата по петочните борби во кои имаше три победи и еден пораз, денеска во репасажот за бронзата го победи Вилијам Дијантете од Белгија со 3-2. Со овој настап и освоениот бронзен медал во категоријата до 75 килограми, како и бронзата на Балканското првенство во Тирана, Заборски уште еднаш покажа дека е еден од нашите најдобри каратисти во моментов.
Стојановиќ, кој исто така е член на КК Макпетрол, денеска се бореше за бронзата во потешка категорија, но загуби со 5-1 од Иранецот Мади Ашури иако го освои првиот поен. Тој на крајот ќе мора да се задоволи со 5.место на турнирот.