Останато Спорт

Македонија освои 11 златни медали во бразилска џиу џица: Алексовска стигна до три најсјајни одличја

Македонска репрезентација за бразилска џиу џица вчера учествуваше на турнирот АЈП Србија во Белград на кој се закити со 11 златни, 5 сребрени и 2 бронзени медали.

Даниела Алексовска освои дури три најсјајни одличја и тоа во три различни категории. Нашата натпреварувачка, која има само 17 години успеа да слави во конкуренција над 18 години во категоријата до 55 килограми, кафеави и црни појаси. Алексовска славеше и во категоријата до 63 килограми под 18 години, како и во категоријата до 55 килограми, виолетови појаси без кимоно.


Останати медалисти се:

Тони Блажевски, во категорија -50кг до 14 години зелени и портокалови појаси(златен медал)
Марко Трајановски, 84кг -15 години зелени и портокалови појаси (златен медал)
Антонио Трајковски, бели појаси -8 години -30 кг (златен медал)
Петар Џатевски, бели појаси -8 години -26кг (златен медал)
Гораст Василевски, виолетови појаси +18 години -94кг(златен медал)
Марко Петровски, +18 години -69кг сини појаси без кимоно (златен медал)
Стефан Пецевски, +18 години -85кг црни појаси без кимоно (златен медал)
Ева Илиевска, +18 години без кимоно виолетови појаси -95кг (златен медал) и (сребрен медал) со кимоно
Давор Метовиќ, (2 сребрени медали) во категории со и без кимоно -62кг +18 години бели појаси
Леонид Димовски, (сребрен медал) до 10 години – 27кг
Андреј Марков, (сребрен медал) сини појаси +18 години -77кг без кимоно
Иван Милошев, (бронзен медал) сини појаси +18години -85кг
Анџела Стамкова, (бронзен медал) -52кг -15 години зелени и портокалови појаси

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе