Каратистите на Макпетрол, Петар Заборски и Стефан Стојановиќ утре ќе се борат за бронзен медал на турнирот од Светската карате премиерлига, А Серија, што се одржува во Ларнака, Кипар.
Заборски, кој уште еднаш ја потврди својата одлична форма по освоениот бронзен медал на Балканското првенство пред една недела во Тирана, вчера во елиминациите оствари три победи и еден пораз. Репасажот тој го победи ривалот од Грузија со прв освоен поен, бидејќи борбата заврши со резултат 1-1. Со тоа тој се избори за борба за бронзен медал, каде ривал ќе му биде Вилијам Дијантете од Белгија.
Стојановиќ исто така имаше ефект од три победи и еден пораз во елиминациите, а исто така преку репасажот по победата над Богдан Трикос од Србија стигна до борбата за бронза. Рива на Стојановиќ ќе биде Иранецот Мади Ашури.
Ангела Мојсовска го освои седмото место, а Данило Божовиќ беше деветто место.