Вести Свет

Речиси сите Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах

Речиси сите Ерменци од Нагорно-Карабах ја напуштија територијата во егзодусот по офанзивата на Азербејџан и предавањето на ерменските сепаратисти.

Од 120 илјади жители, областа ја напуштиле сто илјади 417 лица кои пристигнале во Ерменија.

Преку мостот Хакари кој ги поврзува Ерменија и Нагорно Карабах минале над 20 илјади возила, кои со денови стоеле заглавени на планинскиот пат, кој бил заглавен.

Ерменските власти веќе обезбедиле бесплатно домување за повеќе од 30 илјади раселени.

Но, голем дел од нив се и хоспитализирани со сериозни рани од експлозијата на безниснката станица во која загинаа над сто луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе