Вести Свет

Милан Радоичиќ призна дека ја организирал и спровел акцијата во селото Бањска

Потпретседателот на Српска листа, Милан Радоичиќ, призна дека ја организирал и спровел акцијата во селото Бањска. Во изјава која ја прочита неговиот адвокат, Радоичиќ тврди дека целта на акцијата била охрабрување на српскиот народ на Косово да му пружи отпор на теророт на режимот на Курти. Поднесувајќи оставка од партиската функција, Радоичиќ соопшти дека целата операција ја организирал лично тој, без знаење на Белград, затоа што од претходно имале несогласувања за тоа како отпор треба да пружат Србите.

Ги известувам сите дежурни прогонители на Српскиот народ, од Курти па се до неговите многубројни странски поддржувачи, дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на нашиот народ од окупаторот. А, овој мој чин немаше никаков друг карактер, или намера, и нема никаква врска со мојот претходен политички ангажман, ја прочита изјавата на Радоичиќ неговиот адвокат Милан Петронијевиќ.

Радоичиќ вели дека загинувањето на косовскиот полицаец не било со намера, а после тоа започнала жестока престрелка во која покрај полицаецот, животот го загубиле и тројца нивни другари. Порача дека тие не се терористи, како што ги смета косовската власт, туку борци за слобода.

На сите нека им биде јасно дека ние не сме никакви терористи, туку борци за слободата на сопствениот народ, порача Радоичиќ.

Признанието на Радоичиќ доаѓа откако веќе неколку денови косовските власти објавуваат докази за неговата улога во, како што го нарекуваат, терористичкиот напад во Бањска. Веднаш по повлекувањето на вооружената група од манастирот над селото, министерот за внатрешни работи Џелал Свечла објави дека биле пронајдени негови лични документи, а ден подоцна објави и видео снимка од беспилотно летало на која се гледаше Радоичиќ заедно со другите припадници од групата.

Во најсериозниот вооружен инцидент од прогласувањето на независноста на Косово, загина еден полицаец а повредени беа двајца други. Од вооружената група која се судри со косовската полиција беа убиени тројца Срби, додека еден беше повреден. Тројца беа уапсени и тие се товарат за тешки дела против уставниот поредок на Косово и организирање терористички напади.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повредени тројца припадници од обезбедувањето на Гаши во сообраќајна несреќа кај Ново село

Дејан Дејан

Полициско возило со тројца полициски службеници излетало на патот Охрид-Кичево – повредените се пренесени во болница

Дејан Дејан

Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе