Вести Економија Најважни

Поевтинува доматот што доаѓа од „далеку“

Се намалуваат увозните давачки за овошјето и зеленчукот. Се зголемува и квотата за  увоз на јужно овошје. Од утре со 10 отсто ќе се царинат кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковите, модриот патлиџан, тиквички.

Само за пример давачките на овие производи се движат од 30 до 65%. Ваквата одлука ќе важи до крајот на февруари идната година.

На 10 отсто се намалува царината и за доматите, краставиците, корнишоните, благите и лутите пиперки.

Но, одлуката за овие производи ќе важи од декември,  па се до крајот на февруари. За овие  продукти царинските давачки се движат од 50 до 65 отсто.

Инаку, сите овие производи кои се  увезуваат од земји членките на ЦЕФТА, односно од Албанија, Косово, Црна Гора, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина се внесуваат без царина.

Со тоа ваквата одлука за намалување на царината на овошјето и зеленчукот важи за увозот од  државите од ЕУ и сите други останати земји.

Исто така, се донесе и одлука  да се зголеми квотата за увоз на портокали, лимони, мандарини, грејпфрут, аргуми, свежи или сушени.

Со одлуката при увоз на овие производи нема да се плаќаат давачки ако количните кои се внесуваат во земјава се до 10 илјади тони, ако се надмине оваа количина, во тој случај ќе се царинат.

Оваа одлука ќе важи до крајот на декември. Владата со нов обид да го ублажи ценовниот шок, кој се случи во текот на летото. Со претходната мерка за гарантирани цени на 10 отсто се намалија цените за одредени производи, во споредба со оние кои биле на први август.

Сепак, дел од трговците не ги почитиваа и добија клуч на врата. Вчера во Тетово, Гостивар и Куманово нови маркети добија жолти ленти од пазарна. Од бизнсиот се пожалија дека за одлуките немаат доволно време да се прилагодат. Премиерот пак им возврати, како можеле преку ноќ да ги зголемат цените, така може да и да ги намалат.

За Синдиактите одлуките против поскапувањето се задоцнети.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе