Вести Економија

Петрески: Квази конкутрентските пазари во Македонија ја оправдуваат државната интервенција врз цените

„Фајнанс тинк“ во своите анализи заклучиле дека растот на цените во текот на минатата година бил целосно воден од надворешни фактори. Но, кога при крајот на годината кога тие започнаа да паѓаат на глбалните пазари, тој пад не се преведе и на македонскиот пазар.

Според Благица Петрески од „Фајнанс тинк“, државната интервенција врз цените на пазарот, иако некарактеристична за отворена пазарна економија, била неопходна откако во Македонија биле забележани одредени фактори кои ја подгреваат инфлацијата.

Тоа е токму затоа што ние забележуваме дека имаме во одредени делови квази конкурентски пазари, и тоа ја оправдува до одреден степен оваа мерка. Сепак оваа мерка треба во одреден период да даде свои резултати, и многу е значајно мерката да биде базирана на јасен модел и точно да се знае каде ќе биде тој пресек на цени. Затоа што од друга страна, доколку се очекува трговците сами да ја намалат цената тоа би се случило потенцијално кога потрошувачката ќе падне до многу ниско ниво. Што не е позитивно затоа што ниска потрошувачка значи помал раст на БДП, помал раст на економијата севкупно, рече Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе