Вести Свет Топ вести

Огномет на свадба предизвика пожар – загинаа најмалку 100 луѓе, меѓу нив и младоженците

Најмалку 114 лица загинаа, а 200 се повредени во пожар на свадбена прослава во северната ирачка провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми. Меѓу загинатите се и двајцата младоженци, соопштија властите.

Пожарот се случи во претежно христијанска област во близина на градот Мосул. Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала во која се одржувала венчавката, откако за време на прославата бил запален огномет.

Првичните информации покажуваат дека зградата била направена од високо запаливи и евтини градежни материјали, што придонело за брзо уривање на објектот, објавија ирачките државни медиуми, а очевидци на настанот сведочат дека за време на несреќата во објектот имало околу 900 гости. Пожарот најпрво го зафатил таванот, а брзо потоа се проширил низ целата сала. Дел од загинатите или изгореле живи, а дел од задушување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе