Кога ќе ги споредите завршните сметки на прозиводителите кои соработуваат со трговските ланци, ќе видите некој минимален профит од неколку проценти, за разлика од маржата на трговците која се движи од 20 до 30 проценти, што е фантастично многу, оцени Горан Ѓорѓиевски од Сојузот на стопански комори во вечерашната Топ Тема на Телма.
Добар дел од трговците сметаме дека производителите кои што соработуваат со трговските ланци, ако им се погледнат завршните сметки ќе се увиде некоја профитабилност од 2, 3, 4, 5 проценти во тие рамки. Меѓутоа за да ги пласираат тие нивните производи во трговските ланци, таму им се бара во зависност од производите, дали млечни, месни или други производи, соодветно 20, 25, 30 проценти, соодветно од внатрешната продажна цена. Значи вие кога ќе го однесете таму производот, кога е склучите договор со трговскиот ланец, за да го поставите таму и за да го продавате ви се апсорбира директно од самата продажна цена толку проценти. Што е фантастично многу, според нашето размислување, односно според членките кои што се на Сојузот на стопански комори. Во таа рамка, сметаме дека во дадената ситуација повторно на некој начин товарот паѓа врз производителите. Одека кај трговците постои соодветен простор за намалување на дадените проценти, ама крајниот товар повторно доаѓа кај производитеите, рече Ѓорѓиевски.
За разлика од него, Касам Зендели од Комората на Северозападна Македонија, тврди работат со многу мала маржа.
Сите ние сакаме евтини прозиводи, било да сме трговци, прозиводители или обични потрошувачи. Но нешата треба да се гледаат или анализираат врз основа на природата на тој прозивод. Овие мерки се краткорочни и даваат ефект само во смисла на тоа дека на крај на годината владата ќе рече дека сме имале помала инфлација. Но, за долготрајно да се реши овој проблем, треба да се види, конкретно за нашата индустрија, млечната, треба да се види зошто се скапи млечните производи. Прва причина е суровината, значи млекото. Суровото млеко во Мкаеоднија е секоја година се помалку и помалку, во смисла на количини, и многу од нашите млекари увезуваат од соседните земји. Но ќе дојде еден ден кога ќе ви речат дека не ви продаваат повеќе млеко по таа цена. Така ние од млечната индустрија се соочуваме со недостаток на млеко во домашниот пазар и посебно со ова замрзнување на цените, имаме вистински проблем што дојдовме до тоа, освен кај биеното сирење, што е неограничено, кај другите производи, кај традиционалното кравјо и мешано сирење, па и кашкавалот работиме со многу мала маржа, tврди зендели.
Суштината на се повисоките цени на прехранбените продукти е ниската профитабилност за нивно производство.
Мотивацијaта во ова либерално капиталистичко општество е пари. Тој мора да има добар профит, ако има добар профит тој ќе остане во селото. Тоа треба да се обмисли, да се размисли како да се помогне за храна да се произведува. Се надевам дека во еден момент реално ќе се согледаат работите и ќе се дојде до заклучот дека треба д асе сработат некои квалитетни работи за да порасне производството на храна, порача Ѓорѓиевски.