„Крени глас“ против алармантото врсничкото насилство, го отвора патот кон решение на проблемот. Целта на општествено одговорната компанија Макпетрол е преку едукативна кампања да укаже на важноста за оваа горлива тема, но и да понуди излез.
Свесни сме дека ова е премногу голем проблем за којшто не постои брзо решение, но убедени сме дека со овој наш чекор, ќе започне соочувањето со врсничкото насилство, информираа од Макперол на старот на кампањата.
Носечки и најзначаен дел од неа, е интернет-страницата kreniglas.mk. Целта на овој веб-сајт е да пренесе знаење до сите што можат да помогнат во решавањето на проблемот со врсничкото насилство – децата, родителите и наставниците.
На страницата постои опција секој што бил жртва или имал искуство со булингот, анонимно да ја сподели својата приказна.
Еден од учениците во камапњата е актерот Сашко Коцев, кој во утринската на Телма денска зборуваше за мотивот да го прифати предизвикот да стане дел од кампањата на општествено одговораната компанија, Макпетрол.