Вести Македонија

Иако траги нема, Ковачевски тврди за измените на КЗ се расправало на Влада

За измените на кривичниот законик се расправало на владина седница, тврди премиерот Димитар Ковачевски, но трага ни глас за такво нешто нема, како што покажа истражувањето на Код. На 181 владина седница од последниот вторник во август најважно на Владата и било на јавноста да и соопшти дека е формирана работна група за Реализација на проектот „50 села, 50 приказни”.

Ниту збор нема за измените на Кривичниот законик кои предизвикаа бурни реакции во јавноста пред се поради намалување на казните за злоупотреба на службената положба и овластување и намалување на прагот за застареност на кривичните дела. Со овие измени од казна затвор ќе се спасат поранешни функционери.

„Измените на кривичниот законик се расправале на владина седница. Биле доставени во Собранието. Сите пратенички групи бевте сведоци присуствуваа на седница на Собранието“, рече Ковачевски.

Но, на фамозната владина седница на 29 август сепак не присустувал никој од Министерството за правда. Тоа го покажуваат и фотографиите на Владата.

На нив го нема министерот Кренар Лога, ни државниот секретар Мухамед Точи. Но она што е најнелогично е празното столче резервирано за потписничката на предлог законот, заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која е сместена до министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ вели: „Јас како заменик министер на 29.08,2023 присустував на седницата на Влада каде што тогашните предлог измени и дополнувања на Кривичниот закон беа предложени од моја страна, беа прифатени на дневен ред и беа дискутирано од страна на Владата и едногласно донесени. Во однос на сликите објавени на веб страната и записникот на Владата не можам да коментирам“.

На истиот ден на владината седница, 29 август, како што може да се види од документацијата, бил поднесен предлогот за изменување на законот во Собранието.

Ковачевски негираше и дека со Законот за амнестија, кој исто така го крена алармот во јавноста, ќе бидат ослободени осудените за настаните во Собранието на 27 април, поради пазарење со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. Но за разлика од Кривичниот законик, за Законот за амнестија беше транспарентно објавено дека Владата за него расправала на 186-та седница.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе