Косовскиот инцидент нема влијание врз бебзедносната состојба нво Македонија, оцени министеркатата за одбрана Славјанка Петровска повикувајќи се на информациите со кои располага државниот безбедносен врв. Сите надлежни агенции имаат обврска да придонесат за безбедноста на државата, рече таа по средбата со норвешкиот колега Бјорн Арилд Грам. И двајцата со остра осуда за убиството на косовскиот полицаец и нападот врз косовската полиција, со загриженост за состојбата на северот на Косово и со повик Приштина и Белград да се вратат на дијалог за да не се прелее кризата надвор низ целиот регион. Не е време за популизам, а инцидентот во Бањска не треба да се споредува со Украина, порачаа министрите и изразија сочувство за убиениот и ранетите.
Во Косово во рамките на мисијата на КФОР има војници на АРМ, а властите од Скопје испратија поддршка до КФОР за зачувување на мирот и стабилноста. Премиерот Ковачевски посочи дека за инциднетот кој треба најитно да се истражи постои нечија агенда, чија цел е регионот повторно да биде во немир со кавга меѓу соседите и да ги попречи интеграциите. Лидерот на ДУИ преку објава на социјална мрежа порача пожарот предизвикан од туѓа агенда да се сопре.
- Оваа сериозна провокација е со намера и со однапред одредена агенда, па затоа треба да се менаџира со ладнокрвност и мудрост, бидејќи последиците може да бидат регионални, односно да се одразат врз мирот и стабилноста во регионот. Потребна е итна акција за гаснење на убиствениот и злобен пожар кој има за цел проширување низ земјата и регионот.
Осуда за нападот стигна и од албанските опозициски партии од Македонија кои побараа итно членство на Косово во НАТО за да според нив се избегнат нови инциденти и да не се направи нова Украина на север од Македонија.
Миомир Серафиновиќ