Иако рокот за промена на личните документи е 14 февруари, а термините за аплицирање според реакциите на граѓаните се преблокирани од МВР смируваат дека на сите ќе им се овозможи да аплицираат и да ги добијат потребните документи.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, во денешното гостување на утринската на Телма рече дека нема да има казнување за оние кои нема да стигнат тоа да го сторат на време.
Истото како што посочи ќе можат да го направат и по 14 февруари и при тоа нема да бидат изрекувани казни.