Жилеи Жанг по втор пат по ред го победи Џо Џојс во тешка категорија во бокс и стана задолжителен предизвикувач на светскиот шампион Олександр Усик.
Џојс синоќа во Лондон сакаше реванш против кинескиот боксер по поразот во шестата рунда на нивната прва пресметка пред пет месеци. Сепак, Британецот овој пат издржа само до третата рунда, бидејќи Жанг уште еднаш покажа дека е подобриот боксер со нокаут во третата рунда. Кинезот ја задржа титулата во ВБО верзијата и сега е задолжителен предизвикувач на светскиот шампион Олександр Усик.
Жанг го подобри својот ефект во професионалниот бокс на 26 победи, 1 пораз и едно реми. За Џојс двата порази од Жанг се единствени во неговата професионална кариера, бидејќи претходно имаше скор од 17-0.