Вести Економија

Бизнис секторот стравува од поскапување на цената на струјата, иако не очекува проблеми со снабдувањето

Бизнис секторот не очекува проблеми со снабдување на струја во текот на зимата, но околу ценатта сѐ е можно. Причина за овој страв од скок на цената на струјата е што има најава за затварање на нуклеарни централи во Европа, но и војната на европскиот континент Украина-Русија.

Бизнисот е изложен на цената на берзата за струја во Будимпешта, а во текот на зимата очекуваат да биде нешто поголема. Димитров смета дека оние компании кои инвестираа свои сончеви централи на  кровните конструкции ќе имаат можност да ги намалат трошоците за струја. Во моментов во општина Штип во тек се 40 постапки за сончеви централи, а во Свети Николе има 30 компании кои на 50 хектари произведуваат струја на сонце. Овој регион веќе станува лидер за производство на струја од обновливи извори, за неколку месеци се очекува изградбата на најголемата сончева централа на Балканот, а под фотовотаиците ќе се одгледуваат бостан, тикви, краставици и други култури.

Централата „Стипион„ кој ќе биде со моќност до 400 мегавати ќе се гради на местото на карго аеродром,  во атарите на селата Три Чешми, Врасаково, Криви Дол и Мустафино и ќе се простира на околу 500 хектари земјоделско земиште. Француската инвестиција тешка околу 300 милиони евра е единствен од ваков тип во регионот.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Чучер Сандево со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе