Вести Економија Топ вести

За водата нема алтернатива, во Македонија мора да се смени концептот и да се развива „сината економија“

Водата е непроценлив ресурс и мора да се одржува и рационално да се користи. Чистата вода како ресурс, со правилна законска регултива и со јасна стратегија, ќе овозможи развој на економијата во повеќе сектори.

Македонија располага со одлични водни ресурси, но потребни се подобри идеји за развој на „сината економија“, развивање на свеста кај сите чинители во општеството и посилна инситутционална поддршка за приватниот сектор. Ова се заклчуоците од денешниот „Блу економи самит“, кој се одржа во Скопје.

Старите системи за водоснабдување се причина за голема загуба на вода и мора да се сменат, мора да се продолжи со процесот на третман на отпадни води за да се зачува животната средина. Во процедура се два закони со кои ќе се заштити Охридското езеро.

Инвестирање во екологијата и хармозација со законодавството се клуч за приближување кон Европската унија, а државата мора да ги субвенционира компаниите кои сакаат да инвестираат во обновливи извори, смета бизнис секторот.

Во своето обраќање на самитот, евроамбасадорот Дејвид Гир, нагласи дека сината економија е дел од Зелената агенда на Европската унија,  и порача Македонија да го искористи процесот на проширување до максимум за да ја заштити животната средина и екосистемот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе