Вести Македонија Најважни

Во Македонија се произведувал шпионски софтвер?!

Во Македонија се произведувал шпионски софтвер. Ваква потврда опозицијата добила од разузнавачките агенции на денешната седница на комисијата која ја следи нивната работа. Се работи за софтверот произведуван од компанијата „Сајтрокс“, која се најде и на црната листа на САД.

Опозицијата сега бара да се каже дали тој софтвер нелегално се користи кај нас, особено затоа што се сомневаат дека се постојано физички следени и прислушувани. Побараа и да се избрише степенот на тајност – „строго доверливо“ од информациите за овие софтвери, за чија злоупотреба ќе се дебатира и на редовната есенска средба на парламентарното собрание на Советот на Европа.

Велат дека, прислушувањето во Европа добива други димензии, покрај следењето на повиците и смс пораките, веќе се следат и приватните видеа, фотографии и средби, но се навлегува и во домот.

Од мнозинството, пак, тврдат дека на седницата само се разгледувале извештаи, за кои е констатирано дека се во ред и доставени во потребниот рок.

Информациите подготвени од државните разузнавачки агенции за малициозните софтвери „Пегасус“ и „Предатор“, кои што се користат за нелегално следење на комуникациибеа разгледувани зад затворени врати.

„Пегасус“ се користел од страна на грчките тајни служби за прислушување на политичари, активисти и новинари. И двата софтвери се произведени од израелски безбедносни компании кои имаа регистрирано фирма и во Македонија.

САД ја ставија фирмата „Сајтрокс“ од Скопје,  која била во сопственост на израелската компанија „Интелекса“, која исто така беше ставена на црната листа на САД поради развивање и продажба на софтверите кои служат за следење на комуникации, со што се прекршуваат основните човекови права.

Поранешен управител на „Сајтрокс-Скопје“ беше Иво Малинковски, но по избивањето на скандалот Малинковски се повлече од позицијата. Тој е син на на познатиот македонски бизнисмен, Илија Малинковски, познат како сопственик на винаријата „Камник“ и на фирмата за продажба на оружје „МИКЕИ Интернационал“. Сега со скопската „Сајтрокс“ управува жена од Чешка.

Далиборка демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе