Измените на кривичниот законик кој од петокот веќе се на сила и со кој се намаилја казните за делата за кои најчесто се гонат функционерите денеска ќе го има првиот тест во Кривичниот суд, за да се види кои чекори ќе ги преземе обвинителството.
За денеска е закажано судењето за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности и во кое му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски. Од делата за кои одговара, засегнато со измените од КЗ е единствено делото злосторничко здружување кое според пресметките на невладините застарува.
За попладне најавен е и протест пред Влада против амнестија со измените на КЗ кој се организира на социјалните мрежи од страна на студенти од правните факултети во Македонија. Во нивната најава се вели дека е доста од урнисување на правото и законите за лични, политички интереси и се бара правдата да ги стигне сите оние кои допринеле до огромната недоверба во правниот систем.