Вести Македонија Најважни

Ахмети: Синот ме замоли да не му бидам пречка во неговите бизниси – во петокот УЈП влезе во контрола на неговата фирма

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека во петокот Управата за јавни приходи ја влегла во компанијата на неговиот син. Тој тврди дека неговите деца работат согласно закон и дека не се поштедени од редовни контроли и инспекции. Сепак тој истакнува дека неговото семејство се соочува со сериозни напади и закани во последните години. Исто така тврди дека постои и, како што вели, нацистичка кампања против него и ДУИ, затоа што сметаат дека ДУИ и Албанците ќе им ја земат државата и економијата.

-Еве конкретно вчера УЈП влезе во целосна контрола во компанијата на мојот син. Тоа е во ред. Нека проверат се што имаат и истовремено ги повикувам од УЈП, финансиската полиција, јавното обвинителство, сите нека проверат се што е спорно со компаниите на моите роднини, вели Ахмети, во интервју за ТВ21.

-Се работи за добро смислена кампања против мене лично и против Демократската унија за интеграција. Дури можам да кажам дека се работи за нацистичка кампања затоа што сметаат дека ДУИ и Албанците ќе им ја земат државата и економијата, вели Ахмети во интервјуто.

-Моите деца факултет завршиле во Македонија, додека магистерски студии надвор од државата. Мојата ќерка Ускана сега е на докторски студии во Виена, додека синот Шкумбин сега се занимава со бизнис тука во државата. Ме замоли, да не му пречам јас, но и да не бидам јас пречка за да тој може да го развие својот бизнис – вели Ахмети.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе